Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

8ми Март – Јужна Италија

Алберобело - Наполи - Амалфи - Позитано – Помпеја – Везув - Матера

1 ДЕН 04.03.2020 (Скопје – Драч – Бари)

Поѓање од Скопје за Драч во договоереното место и време. Попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и НОЌЕВАЊЕ на траект.

2 ДЕН 05.03.2020 (Бари – Арбелобело – Наполи)

Пристигнување во Бари во утринските часови.  Поаѓање за Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули,, градени на ова место уште од XV век. Денес најголемиот број од овие кукички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее оригиналноста на овој град како од бајките.Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи и сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН 06.03.2020 (Наполи – Амалфи – Позитиано – Наполи)

Појадок. По појадокот целодневна посета на Амалфи и Позитиано. Патот води до Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Градот е бисер на средновековната архитектура со тесни кривулести улици, типични за овој дел на италијанскиот брег. Позитано е мал град, а, на секој чекор величенствен, познат по отмените вили како вградени во карпите кои каскадно се спуштаат кон морето. Во договор со групата, заеднички ручек во Амалфи или Позитиано. Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи. Ноќевање.

4 ДЕН 07.03.2020 (Наполи – Помпеа – Везувио – Наполи)

Појадок. По појадокот полудневна посета на Помпеа и Везувио. Посета на археолошкото наоѓалиште Помпеја, најпознатато и најдобро зачувано од времето на античкиот Рим. Градот е потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година од нашата ера кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала” и случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин е сочувана единствената слика на архитектурата и начинот на живот на еден од најбогатите градови во древната империја: форуми, храмови, театри, термални бањи и голем број вили… Патувањето продолжува покрај вулканот Везув кој доминира над целиот Неаполски залив, на височина од 1.120 метри. Посета на шопинг центарот La Reggia Designer Outlet. Слободно време за прошетка во прекрасниот амбиент со широк спектар на продавници, кафулиња и ресторани. Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи. Ноќевање

5 ДЕН 08.03.2020 (Наполи – Mатера - Бари – Драч – Скопје

Појадок. Одјава од хотел. Се упатуваме кон Матера https://www.youtube.com/watch?v=sK6x0lKrRAI&vl=en&fbclid=IwAR1_L6NJBiL51iTrsOas9BCx9wWW4-yfIL5s1Om4hGOAPgr1NzZ4umeasQM. Матера е град во областа Базиликата во Јужна Италија кој бил главен град во оваа област од 1663 година до 1806 година . Градот лежи на камениот кањон познат под името Гравина . Познат по својата зачувана автентичност, под заштита е на УНЕСКО и од 2019 година прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност. Тука можете да пиете кафенце или ,, пулиски ликер,, во пештера стара 2000 години да ја посетите надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 -70 година. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура , Поезија во камен, сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта и единствен што го обезбедува чувството дека чекориш ,, Таму каде што времето застанало ,, Можеш да прошеташ над пештерните куки стари 9000 години, шетајки да почуствуваш дека си во временска  машина која те враќа назад и те шета низ вековите. До 1947 година Италија не го има чуствувано градот како чудо кое наскоро ќе биде Европска престолнина на културата , туку како град ,,срам на Италија,, за набрзо после тоа да стане познат во целиот свет и Италија да се гордее со овој свој феномен. Градот брои 62 000 жители , а заради уникатната архитектура во него се снимени над 40 филмови претежно Холивудски . ,,Евангелието на МАТЕЈ ,, во 1964 г. од Пиер Паоло Пазолини, но конечно најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм Пасија во 2004 година. Во попладневни часови, враќање во Бари и разглед на стариот град – познат историски центар, преполн со мали улички, обиколен со ѕидини, посета на базиликата „Св. Никола“ од XI век – заштитникот на градот, во која се чуваат и светите мошти, дворецот од XII век, главната улица Lungomare Imperatore Augusto,преполна со продавници од најпознатите светски брендови и театарот –Teatro Margita, познат по темелите во вода и прекрасната фасада, разгледот продолжува кон Piazza Ferrarese Mercantile,познатата улица Corso Vittorio Emanuele, со бројни кафетерии и ресторани.Слободно време за индивидуални активности и можност за сите љубители на добрата храна да ги вкусат надалеку познатите италијански специјалитети. НОЌЕВАЊЕ.однапред договорено време тргнување назад кон Бари, качување на траект, ноќевање на траект.

6 ДЕН 09.03.2020 (Драч – Скопје)

Пристигнување во Драч, попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје.

Цена 259 евра

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус 
  • Превоз со брод на релација Драч – Бари – Драч (седиште на брод)
  • 3 ноќевања во хотел 3* со појадок во Неапол 
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

 

Цената не вклучува:

  • Задолжителна посета на Алберобело со локален водич на англиски јазик 15 евра
  • Задолжителна посета на Матера со локален водич на англиски јазик 15 евра
  • Посета на Амалфи и Позитано со локален водич на англиски  јазик  40 евра
  • Посета на Помпеја и Везув со локален водич на англиски  јазик  –  45 евра
  • Доплата по лице за двокреветна кабина на траект 50 евра
  • Доплата по лице за четирикреветна кабина на траект 35 евра
  • Патничко осигурување 200 денари

Напомена: За реализација на сите екскурзии, потребен е минимум број од 25 патници.