Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

11ти Октомври во ПАРИЗ
со ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

10.10.2019 – 13.10.2019

Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шампзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква….

Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани.

Град на сите уметности и светската мода, незаборавен со многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат.

За Париз не врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100км метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш и никого не остава рамнодушен. Проверете  зошто е тоа така…

4 дневна програма

10.10.2019– четврток ) – СКОПЈЕ – БУВЕ – ПАРИЗ

Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 15:45 часот. Полетување за Париз во 17:45 со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air . Пристигање на аеродромот Beauvais во 20:50 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер со автобус до Париз (90 км). Сместувањево хотел. Ноќевање.

(11.10.2019петок)- РАЗГЛЕД НА ПАРИЗ – ЛУВР – ТИУМФАЛНА КАПИЈА

Појадок. По појадокот, се упатуваме на организиран панорамски разглед на Париз во вкупно времетраење од 3-4 часа, ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbona, Louvre, Champs Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalides, Concorde Bastille, Republique, Vendome, Trocadero, Etoilе. По разледот предлагаме факултативна посета со локален водич на еден од најбогатите светски музеи Лувр, кој 700 години бил резиденција на француските кралеви до нивната преселба во Версај, и каде сега е дом на 65,300  уметнички дела меѓу кои познатата Мона Лиза. Потоа, се упатуваме кон најпознатата париска улица – Елисејските полиња, каде ќе имате можност да ја видите  Триумфалната капија. Враќање во хотел со метро.  Ноќевање.

(12.10.2019сабота) –  ВЕРСАЈ – АЈФЕЛОВА КУЛА – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА – МУЛЕН РУЖ

Појадок. По појадокот се упатуваме во факултативна посета на величенствениот дворец Версај (15 км). Версај е изграден од францускиот крал Луј XIV, кој преставува ремек дело на уметноста од 17-ти век. Враќање назад кон Париз (15 км). Во попладневни часови посета на Ајфеловата кула и можност да уживате во неверојатната панорамска глетка од третиот  спрат на тоа уникатно архитектонско здание . По посетата на Ајфеловата кула предлагаме едночасовно Крстарење по Сена и да пројдете низ многубројните мостови и да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чија програма започнува во 23:00 часот, а може и да прошетате низ познатата  Пигал улица. Ноќевање.

(13.10.2019недела– МОНМАРТР – САКРЕ КЕР  – БУВЕ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел и одјавување. По појадокот заминување со метро во придружба на нашиот водич до Монмартр, плоштадот на уметниците, потоа ќе можете да ја видете базиликата Sacre Coeur, од која може да имате прекрасен поглед на Париз. Слободно време за индивидуални прошетки до тргнување кон аеродромот со организиран трансфер.Полетување за Скопје 21:20 часот со директен лет на авиокомпанија Wizz Air. Слетување во Скопје во 23:55 часот.

 

Ценовник:

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за резерацијадо 25.08.2019 : 309 € / 19.158 ден.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за уплата до 10.09.2019 : 339 € / 21.018 ден.

                                               Редовна цена: 359 €  / 22.258 ден.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Бове – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Голема кабинска торба од 10кг (56x45x25cm)
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел со 3* на услуга BB ( ноќевање со појадок )
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси – 3.720 ден.
  • Патничко осигурување
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро – околу 15 € (ги купувате сами билетите во Париз)

ФАКУЛТАТИВИ :

Уплата на факултативи во агенција

  • Панорамски разглед на Париз со локален водич – 33 €
  • Посета на Версај 56 евра (вклучена влезница  за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција,)
  • Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат- 23 €,
  • Крстарење со брод по Сена – 18€
  • Посета на Лувр 37€ (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција, се патува со метро)
  • Посета на Moulin Rouge-125€ (вклучена влезница со резервација на маса  и шампањ),

            Пакети:

  • Панорамски разглед и посета на Лувр – 60 €
  • Посета на Версај, влезница за Ајфелова кула и крстарење по Сена – 80 €

Јужна Италија за 8ми Септември 

НАПОЛИ - АЛБЕРОБЕЛО - КАПРИ - АМАЛФИ - МАТЕРА

Промоција за резервации до 20.08

Резервирај!