Се наоѓа на 1.5 km од Паљури на површина од 40.000 m2. Комплексот е опкружен со зеленило. Се содржи од 19 згради на три нивоа. Далеку од гужви, идеално место за мирен семеен одмор. Оддалечен е 500м од плажа. Вкупно 159 соби: Studios (~25-30 m2) & Family Rooms (~45 m2) & Family Rooms Large (~50 m2). Во собите: клима, фрижидер, сеф (со доплата на лице место), SAT TV, телефон, Wi-Fi бесплатен, фен, кујнски дел, балкон. Помошен кревет – на расклопување / софа. Секојдневно чистење на собите, промена на постелнина- на 2 дена. Хотелот нуди: 2 базени со бесплатни лежалки и чадори, интернет, менувачница, паркинг, мини маркет, сала за конференции, ТВ сала, на 500 м од хотелот песочна плажа, до која се стигнува по патека низ шума, пешкири за плажа со депозит, 2 детски базена, 3 игралишта и мини клуб, тематски вечери во ресторанот, пинг понг, игрални за деца и возрасни /работат од 19:00 – 00:00 ч/, тениски терени. Мини бус на хотелот превезува до соседните села Пефкохори и Ханиоти секојдневно, наутро и навечер (бесплатно).
*Хотелот е прилагоден за лица со попречена мобилност