Бисерите на Хабсбуршка Монархија
(Љубљана, Халштат, Грац, термално езеро Хевиц, Кестељ, Печ)
 
Словенија, Австрија и Унгарија,  иако одамна населени, процутеле за време на моќната Хабсбуршка, подоцна Австро - Унгарска Монархија.
Патувањето почнува со Љубљана. Недопрена, стилски измешана архитектура, мали улици со калдрми, зачувани фасади и љубезни мештани! Град со невиден шарм и убавина на секој чекор. Културен центар на највисоко место на мапата на Европа.
Авантурата продолжува кон Халштат, гратче завиено во Алпите на истоименото езеро заштитено од Унеско. Дестинација која барем еднаш треба да се доживее. Овде сè се заборава и се ужива во бајка. Постојат верувања дека е најстаро населено место во Европа бидејќи тука е првиот светски рудник за сол и поради тоа името му доаѓа од стариот келтски назив за сол што знаши " хал". Сè  до 19 век до Халштат се доаѓало само со чамец или тесна планинска патека. За да се направи пат се кршеле карпи и се пробивале тунели. Токму поради тоа бајската убавина е целосно зачувана.
Оттаму, следен е Грац! " Мал дворец на врвот на градот".Тоа е значењето на  " градец" одкаде потекнува името на Грац и оттаму почнува неговата историја. Главен град на прекрасната Штаерска, од 1999 заштитен од Унеско, а во 2003 прогласен за "главен европски град на културата".Покрај многуте нешта, Грац се гордее со најстарото џез студио во Европа...
Патот води кон дворецот Keстељ, на брегот на прекрасниот Балатон! Многу културни и историски атракции од кои се издвојува големиот дворец  Фештитич со огромна збирка од 80.000 книги. Авантурата ја завршуваме со Печ, Европска престолнина на култура во 2010 со мото " град без граници".Зеленило, пешачки зони, паркови и музеи, секој еден поинтересен од другиот.
 
 
1ден.06.04.2023 година (четврток) Скопје - Љубљана
 
Поаѓање од Скопје во 16часот. Возење кон Љубљана со неколку кратки паузи.
 
2ден. 07.04.2023 година (петок) Љубљана
 
Пристигнување во Љубљана во утринските часови , градот  кој во 2016 година се здоби со титулата најзелен град во Европа. Пешачка тура во центар на градот и стариот град .
Ќе ги видиме Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на Франц Прешерн, Фрањавачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонатана или Фонтаната на трите реки – најпознатата фонтана од бел мермер. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
 
3ден 08.04.2023 (сабота) Љубљана – Халштат – Грац
 
Појадок. Поаѓање кон Халштат, пристигнување околу пладне.
Магичното гратче Халштат има околу само 1000 жители. Покрај прекрасниот пејзаж и зачуваната природа, вистинска атракција се и историските знаменитости како музејот на Халштат, црквата Вознесение изградена во 1505 година и подземната гробница Карнер која датира XVI век.
Поаѓање за Грац. Сместен на предалпски простор, на северот на Градечко поле.
Низ градот тече реката Мура.  Пешачка тура: старото гратско езеро кое е заштитено од УНЕСКО,  Ландхаус, Операта, Glockenspiel, тврдината Schlossberg со саат –кулата, Kunsthaus,  
Сместување во хотел во Грац. Слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.

 
 
.
4ден. 09.04.2023 (недела) Грац – Кестељ – Хевиц
Појадок. Слободно време. Поаѓање кон Унгарија околу 12 часот, кон езерото Балатон и дворецот Кестељ кој се наоѓа на најзападната точка на езерото. Ќе го посетиме “дворецот на Унгарија”, Хеликон или Фештичич кој со своите 100 простории е еден од најголемите дворци во Унгарија. Изграден е во барок стил во 1745 година. На 10тина минути возење стигнуваме до Хевиц, термална бања, езеро, кое е изградено над најголемиото природно термално и лековито езеро во светот. Најдлабоката точка во езерото е 38м. Во лето температурата достигнува до 37°C,  а во зима не паѓа под 24°C. Дното на езерото е покриено со радиокативна, лековита кал. Голем број на извори постојано испуштаат топла вода, така што водата се менува на секои 3 дена. На средина на езерото се наоѓа бања изградена во XVIII век. Хевиц значајно се разликува од останатите термални извори по високиот број на минерали во водата. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
 
 
5ден. 10.04.2023 (понеделник) Хевиц – Печ – Скопје
Појадок. Слободно време за уживање во термалните базени. Поаѓање кон Печ, обиколка на главните знаменитости: главниот плоштад, џамијата Гази Касим, статуата Тројца, бунарот Zsolnay,  црквата Fatebenefratelli, Градската куќа, музејот Janus Panonius, црквата Св. Берталан, Катедралата, Magasaz – највисоката зграда во Печ, но и во цела Унгарија. Изградена во 1976 година, како станбена зграда, но и ден денеска е ненаселена (заради грешки кои се животно загрозувачки), па е највисокиот објект кој е надвор од употреба во Централна Европа, висока е 84м., понатаму Cella Septichora, најпозната доцно античка – рано христијанска некропола, туристичката атракција Љубовна брава.. Слободно време. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 11ти април.
Во цената е вклучено:
-Превоз со високотуристички автобус
-Екскурзии според програмата
-3 ноќевања ( 1 ноќ во Љубљана, 1 ноќ во Грац, 1 ноќ во Хевиц (2 ноќевања со појадок (Љубљана и Грац и 1 ноќевање со појадок и вечера))
-Локален водич
-Пратител на патувањето
 
Во цената не е вклучено:
-влезница за дворецот Хеликон – 8 евра
-хотелска такса во Љубљана – 3.5 евра
-хотелска такса во Хевиц – 1.5 евра
-индвиудуални трошоци
 

 
Цена за рана резервација до 15.02 – 289 евра
Редовна цена 319 евра

 

 
-Сместување во Љубљана: 
https://www.ihg.com/holidayinnexpress/hotels/gb/en/ljubljana/ljups/hoteldetail?cm_mmc=GoogleMaps-_-EX-_-SI-_-LJUPS или хотел ”M” 3* во центарот на Љубљана
; https://www.m-hotel.si/

 

 
-Сместување во Грац :
Ibis hotel HBF 3*,; https://all.accor.com/hotel/1917/index.en.shtml?utm_campaign=seo+maps&utm_medium=seo+maps&utm_source=google+Maps или B&B хотел HBF 3; https://www.hotel-bb.com/en/hotel/graz-hbf

 

 
-Сместување во Хевиц:
hotel Panorama 4*, https://www.hunguesthotels.hu/hu/hotel/heviz/hunguest_hotel_panorama/

 
Напомена:
 
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Сите екскурзии за вклучени во цената  
  • За оваа програм важат Опшите Услови на патување на  т.а. Травити
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
 
 
 
Начини на плаќање:
 
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на 15 дена пред поаѓање. 
 
Општи напомени за патување:
Т.а.Травити  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.