Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување
Blog thumbnail

Ресторани во Банско

Ресторани во Банско

Blog thumbnail

Во следниот текст ќе ви предложиме кои ресторани би требало да ги посетите  во Банско и да уживате во храната која тие ја нудат.

1.Pizza Victoria 

Една од најпознатите пицерии во Бугарија, ги има на неколку локации во Соифија, а пред некое време ти отворија свој ресторан и во Банско. Pizza Victoria се наоѓа кај долната гондола сместена во хотелот Uniqato Boutique. Предност е и тоа што овој ресторан врши бесплатна испорака секаде во Банско.

2.Euphoria Bar & Grill
Исто така добро познат ресторан е и Euphoria Bar & Grill кој се наоѓа веднаш до гондолата, кој нуди широк избор на храна и исто така има голем простор за седење, како и тераса од која што може да уживате во прекрасниот поглед на планините. Иако е малце подалеку од центарот, сепак ресторанот е одличен избор за јадење после повеќе часовното скијање и бордање.

3. The London Pub

Овој локал е еден од поинтересните локали во банско. Покрај големиот избор храна, истот така нуди и караоке забави и секако интересна и забавна атмосфера надополнета со добра музика и голем број на разновидни пива.

4.Steak House Lazur

Совршено мени за сите љубители на пиво и мексиканска храна, вестерн атмосфера погодна за поголеми групи и супер локација.

5.Бански хан

Многумина ја нарекуваат оваа меана – најдоброто нешто што Банско може да го понуди, кога станува збор за храна. Овој локал е познат главно по традиционалните бугарски јадења, но што е уште поважно, цените не се претерано високи, а порциите се поголеми одошто во другите ресторани. Се наоѓа непосредно по влезот во гратчето, од левата страна.

6.Меана Банско

Доколку мразите места каде што музичарите тукушто научиле да ги држат своите инструменти, тогаш меаната Банско ќе ја доживеете како позитивна промена. Иако се работи за поголем локал, персоналот ќе се труди да биде колку што е можно повнимателен и поуслужлив. Атмосферата е пријатна, а храната традиционална бугарска, со додатоци од околните земји. Овде ќе најдете јадења на скара, супи, салати, печења. Пробајте го јагнешкото во фурна. Меаната се наоѓа на улицата „Пирин“.

7.Војводата

Оваа таверна е малку помала од останатите, но затоа дава некое пријатно чувство, што особено е надополнето од каминот. Храната е базирана на локалната традиција, во која јадењата со месо се најпопуларни, но за разлика од многу други места, готвачите нудат и цела палета на вегетаријански рецепти. Пробајте ги говедските шницли или супата со грав. Таверната се наоѓа на улицата „Пирин“.

8.Амрозија 

Ресторанот Амрозија нуди „медитеранска храна во планините“. Сопствениците се Грци, а храната што ќе ја најдете таму е поразлична од другите локали во Банско. Амрозија е одлично место за романтични оброци, со интимната атмосфера која ја нуди, но и место каде што можете да отидете кога ќе Ви здодее бугарската храна. Иако е малку поскапо од другите места, храната што ќе Ви биде сервирана нема да Ве разочара.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јужна Италија за 8ми Септември 

НАПОЛИ - АЛБЕРОБЕЛО - КАПРИ - АМАЛФИ - МАТЕРА

Промоција за резервации до 20.08

Резервирај!