Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување
Blog thumbnail

10 Причини зошто да го посетите градот Пирот

10 Причини зошто да го посетите градот Пирот

Blog thumbnail

До градот Пирот, кој се наоѓа југоисточно од Србија, се пристигнува преку Ниш.

Градот е подигнат на местото на Римската тврдина Turres, во XIV век го променува своето име во Пирот. За време на XVI и XVII век, поради добрата положба и трговските врски, претставувал доста богат град. Пирот денес брои околу 45.000 жители.

1.Стара планина

Позната уште како планина Балкан, по која и целиот полуостров го добил своето име. Претставува највисока планина во источна Србија. Пет месеци годишно се наоѓа под снег, при што овозможува добри услови за љубителите на скијање.

Највисокиот врв на планината е Миџор (2.169м), и притоа претставува граница измеѓи Србија и Бугарија, и прилично е оддалечен од градот Пирот, така да доколку сакате да го посетите овој врв, потребни Ви се повеќе денови за престој.

Подостапен Ви е врвот Бабин зуб, кој се наоѓа на 1.785 метри надморска височина и на 60км од градот Пирот.

Доколку фантазирате за големи и просторни планински ливади, кои изгледаат како од бајките, сето тоа Ви го нуди Стара планина. Целата планина нуди можност за различни активности на отворено, како што е, планински велосипедизам, параглајдинг или пак долги прошетки низ шумата.

2.Водопадите на Стара планина

Иако овие водопади се составен дел од Стара планина, тие заслужуваат да бидат издвоени како посебна додатна причина зошто треба да го посетите градот Пирот.

Сепак третина од водопадите се лоцирани на западната страна на Стата планина. Тие се многубројни, но како најубави се издвојуваат оние на реките Дојкиначка и Топлодол, кои се лоцирани во истоимените села. Патеките кои водат до овие водопади се обележани и можете сами да стигнете до водопадите, со тоа што би ве советувале да тргнете рано и да си понесете доволно храна и вода со себе.

Во близина на селото Дојкинци, се наоѓа водопадот Тупавица, на надморска височина од 1.050м. , додека пак висината на водопадот изнесува 25м., и притоа се смета за најубавиот водопад во Србија.

Околу 10км над селото Тополдол, се стигнува до Воден Водопад (Pilj vodopad), Чунгуља, како и многу други за кои дури и жителите не се запознаени. Поради тоа што овие водопади се наоѓаат на места кои не се достапни, до ден денес, тие се чисти и незагадени како и пред 1.000 години.

Недалеку од селото Кална ќе наидете на фантастичниот водопад Бигар, кој е висок 35м.

Недалеку од селото Темска, околу 1,5км после манастирот Свети Ѓорѓе, скриен е уште еден старопланинските водопади. Иако не е толку висок како претходните, но сепак е извондреден.

3.Пеглана кобасица

Пеглана кобасица претставува зимски Пиротски специјалитет од овчо, козјо и јунешко месо, при што се додава и комбинација од зачини, потоа се пегла и се суши. За самото пеглање најчесто се користи шише (полно со вино). Готовата “пеглана” кобасица има облик на потковица, се сече на тенки парчиња, и се служи со домашно вино.

4.Манастири

Пирот е град со богато културно-историско наледство, поради тоа изобилува со бројни цркви и манастири. Најпознат манастир претставува Свети Ѓорѓе и манастирот Свети Јован Богослов.

Манастирот Свети Ѓорѓе лоциран е во селото Темска, на 20 минути возење од Пирот. Изграден е во XIV век, на основата која датира од XI век, а тоа лесно се приметува доколку го погледнете долниот (приземје) ѕид и горниот. Манастирот е основан од страна на браќата Дејановичи, роднини на Цар Душан.

Фреските во внатрешноста на манастирот се добро очувани, па поради тоа нивното фотографирање не е дозволено. Во склоп на манастирот се наоѓаат и убави конаци во кои живеат монасите.

Манастирот Свети Јован Богослов, уште познат како манастир Поганово, се наоѓа 27км јужно од градот Пирот. Изграден е кон крајот на XIV век. Основан е од страна на Војсководецот Константин.

Недалеку од манастирот Поганово се наоѓа и Суковскиот манастир, опкружен со густа шума, идеално место за одмор и релаксација.

5.Музејот Понишавља

Овој музеј е лоциран во куќата на некогашниот трговец Христе Јовановица, познат како Мали Ристе, кој бил доста моќен и ценет во тоа време.

Влезот во музејот се наплаќа. Откако ќе ја поминете капијата ќе имате чувство како веќе да сте биле тука, а тоа е поради тоа што токму овде е снимена серијата “Зона Замфирова”, како и “Ивкова слава”.

Од 1953 година оваа куќа е ставена под заштита од страна на државата, а од 1979 година се смета како споменик на културата.

6.Камено село Гостуша

Гостуша преставува старопланинско село кое се одликува со архаична архитектура поради која се нарекува “Камено село”, како и сочуваните стари обичаи и култура. Се додека не се изградил Белскиот мост, до овој крај било многу тешко да се стигне. Оддалеченост од градот Пирот до ова село е 30км.

Додека се шетате во низ ова камено село ќе имате чувство дека се наоѓате во цртанот “Flinstone”. Куќите се ѕидани од камен и кал, оградите се направени од камен, па дури и самиот пат е поплочен со камен, како и крововите, чешмите и црквата. Во тек е ова село да биде прогласено како културно добро.

7.Пиротски кашкавал

Се претпоставува дека првото парче кашкавал е токму донесено во градот Пирот. Денес во овој град се наоѓа единствената Млекарска школа на Балканот, во која кашкавалот се произведува по традиционален рецепт од кравјо, овчо или мешано млеко. Дури се претпоставува дека некогаш Пиротскиот кашкавал се служел и во Белата куќа.

8.Момчилов Град

Пиротски или Момчилов град е тврдина која се наоѓа во самиот град, односно при самиот влез во градот.

Градот е изграден од страна на војводата Момчило, за време на кнез Лазар. Османлиите успеале да го завземат, но во 1386 година војводата Димитрија успеал да го поврати, при што тоа било една од причините за Косовската војна во 1389 година. Тврдината било од голема корист за време на војната се до првата половина на XX век.

Денес се работи на уредување на оваа тврдина, при што се видливи јасни промени. До самата кула неможе да се стигне поради тоа што вратата е заклучена.

9.Завојско езеро

Ова езеро по својот настанок се смета како урвинско езеро, има облик на корито поради колапсот на земјата, при што креирана е природна брана, поради што дошло до акумулација на вода и оформување на езера кои го потопиле селото Завој, по кое, езерото го добило своето име.

Завојското езеро, денес има големо хидролошко значење за Пирот. Во летниот период е доста популарна туристичка дестинација за жителите.

10.Пиротска кафана и скара

Доколку ги прашате жителите на Пирот, која кафана е добра во градот, они ќе Ви одговорат дека сите се добри. Искрено, така е!

Поради големиот број на бугарски туристи, кафаните држат доста високо ниво на услуги и одличен квалитет на храна и пијалоци.

Доколку излезете од кафана, а не сте ја пробале познатата пиротска скара, како да не сте било во кафана, а ни во Пирот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Докажано најдобрите тури оваа есен!

  • Јужна Италија со магичните Амалфи и Капри
  • Аликанте и Валенсија
  • Атина и Пелопонез
  • Париз

Промоции за резервација до 10.09

Резервирај!