За нас

ЗОШТО СМЕ РАЗЛИЧНИ
Од пред неколку години, интернетот го смени планирањето во патувањата засекогаш. Технологијата ги направи чекорите при планирањето полесни од било кога. Потребна Ви е цена? Click. Потребна Ви е друга дестинација? Click. Но што потоа?

Ние во Травити веруваме дека најубавите искуства ветуваат многу повеќе од она што може да се добие од било која online алатка. Со технологијата ќе поминеме побрзо низ процесот на резервација, но постојат детали кои можат да се добијат и почувстуваат само и единствено преку вистинска човечка интеракција. Во Травити, ние ја комбинираме леснотијата од користењето на онлајн алатките со елементи на човечки труд, експертиза, подршка и вредности, а тоа носи поврзаност со местата, луѓето и културата на подлабоко, лично ниво.

Секој наш клиент е во исто време и наш пријател. Травити на својот пријател му нуди целосни детали за дестинацијата и потоа Вие одбирате занимливости од Ваш личен интерес. Зошто да пребарувате со часови по интернет за да дознаете што се нуди посакуваната дестинација кога ние сме тука за Вас?

Затоа што секое патување е Ваше лично искуство кое ние ќе Ви овозможиме да го почувствувате со неговиот најавтентичен вкус.

И запамтете, секое патување кое го посакувате е можно да го остварите.
НАШИ УСЛУГИ
Организирање настани
 
  • Екскурзии за ученици и студенти
  • Научни екскурзии
  • Семинари, конгреси и конференции во земјата
Изнајмување опрема
 
  • Техничка опрема и стручно лице за техничка поддршка
Осигурување
 
  • Патничко
  • Здравствено
Превоз
 
  • Авионски карти за сите дестинации во светот
  • Минибус, автобус, автомобил
ЗАПОЗЈАНТЕ ГО НАШИОТ ТИМ
АнаАгент за продажба
МаријаАгент за продажба
ЕленаМенаџер за продажба
“Светот е книга и оние кои не патуваат прочитале само една страница.”
― Augustine of Hippo