Велигден на Сицилија

Авионска програма 5 дена/4ноќи

ТАОРМИНА-ЕТНА-СИРАКУЗА-КАТАНИЈА-ПАЛЕРМО

(19.04.2020-23.04.2020)
СИЦИЛИЈА е најголемиот, најживописниот и интригирачки остров на Средоземното Море поради својата долга историја од три милениуми, волшебна природа, живописни села и богато културно наследство. На островот доминира најголемиот и единствен жив вулкан во Европа – Етна (3.340 м), со околу 400 згаснети и неколку активни кратери. И за овој остров сигурно има големи асоцијации – италијанската мафија и ремек-дело на филмската уметност – филмот „Кум“.

19.04.2020(недела) СКОПЈЕ-СОФИЈА

Поаѓање од Скопје ,– 13:00 Трансфер до аеродромот во Софија. Полетување за Катанија во 20:30 часот. Пристигнување во Катанија во 21:30ч.Трансфер до хотел.Ноќевање.
 

20.04.2020(понеделник) СОФИЈА-КАТАНИЈА-ТАОРМИНА

Појадок.Разглед на градот со локален водич Катанија-втор по големина град во Сицилија. Бидејќи се наоѓа под Етна, постојано е уништуван и изградуван , во барокен стил, претежно во сива боја , а градот што го гледаме денес го добил својот изглед по големиот земјотрес од 1693година.Посета на Пјаца Дуомо, катедралата Санта Агата,Виа Етнеа- улица полна со продавници и кафулиња, прекрасен поглед на врвот на Вулканот Етна. Факултативно-Заминување до живописната Таормина, еден од најубавите мали градови во Италија, изграден на ридот Монте Тауро со фантастичен поглед на околината. Прошетка низ градот.Одвојте време за град каде што ќе сакате да останете. Слободно време за прошетка низ живописните улици на еден мал град, посета на знаменитостите ,факултативен ручек .Враќање во хотел во определно време.Слободна вечер. Ноќевање.
 

21.04.2020(вторник) КАТАНИЈА –ПАЛЕРМО-ЧЕФАЛУ

Појадок. Слободно време за одмор или факултативна екскурзија за Палермо. Палермо е главен и најголем град на Сицилија, кој се наоѓа на бреговите на Тиренското Море во најубавиот залив . Порано моќна престолнина на кралството Сицилија, град богат со споменици на специфична арапско-норманска архитектура под заштита на УНЕСКО. Патот до Палермо поминува низ срцето на Сицилија и живописни предели на подножјето на Етна. Пристигнување во Палермо и разгледување на градот: Кралската палата, Корсо Виторио Емануеле, плоштад Куатро Канти и плоштад Преторија, театар Масимо, катедралата во која членовите на кралското семејство на Сицилија биле крстени, стапиле во брак и биле погребани. Попладнето посета на градот Чефалу одалечено 60км. од Палермо.Ова место е сместено под голема карпа-капа на парче земја што навлегува во морето,Чефалу е едно од најубавите градчиња на Медитеранот.Во историјата попознато како градче на морнарите,а денеска е туристички развиено поради убавите плажи, традиции и богата историјаи цивилизација која оставила длабоки траги почнувајќи од феникејците грците, римјаните, арапите па се до норманците и Шпанците.Во центарот на градот има катедрала Св.Спас, кој е симбиоза на арапско-норманската градба и византиски мозаици кои ќе ги видиме.Ќе поминеме покрај ѕидовите на еленистичкиот град со порти од 5 век п.н.е, рибарскиот дел од гра-дот,проаѓаме низ многу цркви,палати и продавници за сувенири и ресторанчиња низ тесните улички на средновековниот град.Враќање во хотел.Ноќевање.
 

22.04.2020(среда) КАТАНИЈА -СИРАКУЗА

Појадок. Слободно време за одмор или факултативно целодневна екскурзија , до Сиракуза, еден од најубавите градови на Сицилија. Сиракуза е град што го нарекуваат бел бисер на Јонското Море, изграден од бел мермер. Стариот град се наоѓа на Ортижда, најмалиот остров во Сицилија. Поранешниот најбогат и најмоќен антички грчки град, родното место на Архимед и омилениот град на големиот сликар Караваџа. Екскурзијата вклучува прошетка низ барокната сиракуза на островот Ортидија и истражување на богатото наследство на градот: Храмот на Аполо, плоштадот Архимед, фонтана Д-Аретуза, Пјаца Дуомо, обиколка на катедралата .По разгледувањето, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел.Ноќевање.
 

23.04.2020(четврток) КАТАНИЈА-САВОКА –СОФИЈА-СКОПЈЕ

Појадок .Напуштање на хотелот .Слободно време за индивидуални активности или факултативна екскурзија до сицилијански села Форца д Агро и Савока, во кое е снимен легендарниот филм „Кум 1“, со феноменална приказна за сицилијанската мафија. Прошетка низ лавиринтот на малиот град Форка Д Агро, каде сицилијанските кралеви го изградиле својот прв двор и летна резиденција на 400 метри надморска височина, а потоа се упатуваат кон Савока. Савока е место што сè уште ја издвојува типичната атмосфера поврзана со мафијата и филмот Кум Турата. Разглед на Етнографскиот музеј во Савока, катедралата Св Луција, кратка пауза со канола (типична сицилијанска торта), еспресо во барот Вители местото каде се снимани делови од филмот Кум меќу кои и легендарната свадбена сцена од филмот со Ал Пачино . Урбаната легенда кажува дека барот е во сопственост на сињора Марија ( или нејзините потомци) . Трансфер до аеродром во 19:00 часот .Полетување за Софија во 21:55. Пристигнување во Софија наредниот ден во 00:40 мин. Трансфер до Скопје. Пристигнување во раните утрински часови

FIRST MINUTE ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299€ / 18.540,00 мкд
За уплата на 50% до 07.02.2020

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 339€ / 21.020.00 мкд


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
 
  • Трансфер на релација Скопје –Софија(аеродром)-Скопје;
  • Авионски превоз на релација Софија-Катанија-Софија со Wizz Air и багаж до 8 кг/мал багаж 40х20х25см.
  • Трансфер од аеродром-хотел –аеродром во Катанија
  • 4 нокевања на база појадок во хотел 3*
  • Полудневен разглед на Катанија

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
 
  • Доплата за аеродромски такси од 3.700,00ден.
  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 2.400,00 денари за двата правца
  • Туристичка такса – 2 евра по лице по ноќевање
  • Влезници за локалитети и карти за локален превоз
  • Патничко осигурување 180 денари

ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ:
 
  • Фак. посета на Таормина 20€(минимум 15 патника)
  • Фак. посета на Палермо и Чефалу 55€(минимум 15 патника)
  • Фак. целодневна посета на Сарагуза 35€ (минимум 15 патника)
  • Фак. посета на селцата Форца д Агро и Савока местата на снимањето на филмот КУМ 35€ (минимум 15патника)

НАПОМЕНА: ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15.03.2020. Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд. Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 патника пријавувањето е при резервација во агенција. Важноста на пасошот мора да биде мин 3 месеца до денот на враќањето
+389 78 257 894
078 257 892
077 862 135
02 3101 482