Тирана – АDVENTURE & FUN
Dajti Kompleks 
– Where earth meets the sky!

3 дена / 2 ноќи со појадок / автобуски превоз

1 ден (23.10.2020) Петок: Македонија – Тирана
Состанок на групата на паркингот на спортска сала Битола во 05:00 часот наутро.
Поаѓање за Тирана во 05:15 ч од Битола, попатнОхрид , Струга (се застанува доколку има патници), се продолжува преку граничен премин Ќафасан, гранични формалности, попатни одмори.
Продолжуваме на патот за Тиранапреку Елбансан и пристигнување во Тирана околу 10:00ч / 11:00ч.
Сместување во хотел 
As Tirana Hotel **** (или сличен). Краток одмор.
Нашето патување го започнуваме со разглед на градот со локален водич, (Саат Кулата, Католичката Катедралата Св. Петар, Националниот Историски Музеј, Пирамида, Блокот, улицата Буш, Националната уметничка Галерија, плоштад Мајка Тереза, Православната Катедрала).

По завршување на разгледот слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Тирана.
Препорака на ресторани и кафулиња  (подолу во описот).

2 ден (24.10.2020) Сабота: Тирана ( Dajti комплекс) – Драч
Доручек. После доручекот, (околу 10 часот) организирано поаѓање кон едно од најубавите места во Тирана, а тоа е планината Дајти, дел од истоимениот Национален Парк (Дајти), каде ќе имаме можност за повеќе активности и тоа: посета на ”Adventure Park” от , пешачка тура (hiking), возење ролери, параглајдинг,секако и неверојатни места за правење на одлични фотографии. Авантуристичкиот парк Дајти е дел од Националниот парк Дајти, оддалечен 10 минути од горната станица на жичарницата Даjтии Експрес. Авантуристичкиот парк „Дајти“ се наоѓа на неколку метри од комплексот „Дајти експрес“, опкружен со шума со различни цвеќиња и дрвја. Ова е совршено место за ден на отворено.

Во ‘Adventure паркот има активности погодни за возрасни и деца (5 години и постари). Овие активности се составени од лесни до тешки активности, со забавни предизвици за секоја возраст, секоја активност вклучува различни пречки, кои се состојат од мрежи, јажиња и „zip-lines”. За најхрабрите препорачуваме Quick Jump (скок со слободен пад) адреналински скок за крај на посетата нAdventure‘ паркот.

Исто така ќе имате можност да поминеме еден прекрасен факултативен ручек во еден од најдобрите ресторани Ballkoni Dajtit , тука ќе имаме можност да ги вкусиме најдобрите специјалитети на албанската кујна. Ресторанот се наоѓа на 1000 метри надморска височина на планинскиот врв, давајќи прекрасен поглед кон градот.
За тие патници кои нема да бидат дел од факултативната посета на Комплексот Дајти, следува слободно време за индивидуални прошетки низ градот Тирана.


По завршување на посетата на Дајти комплексот се упатуваме кон хотелот, време за краток одмор. Во договорено време (околу 15:00поаѓање за Драч (40 минути возење).
По пристигнувањето во Драч, следува разглед на градот и неговите културно – историски знаменитости: националниот музеј, римскиот Амфитеатар, шеталиштето долж брегот… Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти. По разгледот, време за слободни активности. Во договорено време, поаѓање кон хотелот во Тирана, ноќевање.
Препорака на ресторани и кафулиња во Драч (подолу во описот)

3 ден (25.10.2020) недела: Тирана – Македонија
Појадок. Одјавување од хотел. Во 10 часот поаѓање кон шопинг центарот htp://www.toptani.com.al/en , следува слободно време за шопинг и индивидуални активности, освежување пред предвиденото патување за назад. Во попладневните часови (околу 16 часот), заминување за Македонија, попатни одмори, гранични формалности.
Пристигнување во Македонија околу 21:00ч / 22:00ч.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 евра по лице
Деца до 12 год. – 20 евра од цената за возрасен

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел As Tirana Hotel **** (или сличен)
– туристичка такса
– Разглед на Тирана
– Посета на шопинг центар 
http://www.toptani.com.al/en
– Придружник од агенцијата
– Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Факултативна посета на најдобриот видиковец и ресторан Ballkoni Dajtit ,
каде се стигнува со жичара ( цените се за 20 + патници, за помалку има мала доплата)

(Патниците кои сакат да го посетат само ресторанот плаќаат карта за жичара –  7 евра)
– Факултативна посета на Adventure Park – Dajti 
(Патниците кои ќе го посетат Adventure паркот им следува бесплатна карта за жичара плаќаат само влезница – 10 евра)
– Индивидуален трошок за ручекот
– Факултативна посетан на Драч – 10 евра
( минимум 20 патници за реализација)

– Влезници за музеи и културно – историски споменици
– Патничко осигурување
– Неспомeнати услуги
– Личен трошок на патниците
– Доплата за ТРАНСФЕР на патници од Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп и Кичево – 10 евра