Хотел Метропол започна со работа 1975 година (целосно реновиран во 2004).Започна како сон, поткрепен со алтруизам и бизнис претчувство.. Хотел Метропол , беше првиот наменски изграден луксузен хотел во Македонија и еден од првите изградени во регионот. Нов сегмент на туристичката индустрија беше роден.

Хотел Белви 1989.(комплетно реновиран 2007) и хотел Турист - 1986 беа дизајнирани и изградени , секогаш со потребите на гостите пред се, секогаш со желба да се подобри и поддржи природната убавина на земјиштето на кои се изградени. Хотелите за брзо време постигнааа голема репутација за исклучителниот дизајн и професионалниот персонал.Брзо потоа следуваа награди и призананија со што регионалниот туризам се подигна на едно ново ниво.
Целиот имот е обиколен од градини и борова шума кои допридонесуваат за уникатното искуство.