Мај во Барселона

16.05- 19.05.2020

4 дена/3 ноќевања

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

1 ден: (16.05.2020 - сабота) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:30 часот. Полетување за Барселонa во 06:30 ч. Пристигнување во Барселона во 09:25 часот. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, (40 минутен разглед), , Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во СветотТрансфер до хотелот и сместување. Сместување во хотел.Ноќевање.
 

2 ден: (17.05.2020– недела) - БАРСЕЛОНА (АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)

Појадок во хотел. Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност во шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза, ручек или шопинг. Во вечерните часови Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.
 

3 ден: (18.05.2020 – понеделник ) - БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЛ–ШПАНСКО СЕЛО; НОУ КАМП, ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Започнуваме со посета на паркот Гуел – едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село кој претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видите музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу. Враќање во хотел со метро. Ноќевање. 
 

4 ден: (19.05.2020-вторник) - БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродромот Ел Прат.Полетување за Скопје во 10 наутро.Пристигање вo Скопје во 12:45.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 29.02 370€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 €

449 €– ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ
Ограничен број на места!!

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
 
  • Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm; Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3*;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
 
  • Аеродромски такси по лице се 3.720 денари (60€),
  • Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич и трансфер – 25 €. Цена за деца од 2-12 години: 22 €.
  • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер во еден правец, враќањето е со метро и не е вклучено во цената) – 35 € / само билет 28 €. Цена за деца од 3-12 години – 30 €/само билет – 23 €;
  • Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Шпанско село) со водич и билет – 55 €. Цена за деца од 3-12 години – 50 €;
  • Посета на ЗОО (пратител + влезница) – 25 €. Цена за деца од 2-12 години – 20 €;
  • Фламинко шоу со пијалок – 40 €;
  • Аквариум (влезница и претставник од агенција) – 20 €. Цена за деца од 2-12 години – 17 €;

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: РАЗГЛЕД + ПАРКОВИ + ФЛАМЕНКО = 110 €,
 
  • Туристичка такса се плаќа во хотел – околу 1 € по ден на лице;
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување - ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
 
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 01.04.2020 и минимум пријавени патници за реализација: 16.
+389 78 257 894
078 257 892
077 862 135
02 3101 482