Хотел Климетица Ви нуди незаборавни мигови поминати во природен амбиент. Сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од градот Охрид во туристичката населба Св. Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св. Стефан која е раритетен споменик на културата. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од градската бучава, микс на чист планински воздух и езерска убавина ќе направи да се почувствувате свежи и исполнети со енергија. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хотелот, даваат впечаток на префинетост. Овде љубезниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде.


Јули / Август / Септември 2020

6 дена (доручек и вечера) = 7000 денари поглед шума
8 дена (доручек и вечера) = 9100 денари поглед шума

6 дена (доручек и вечера) = 8000 денари поглед езеро
8 дена (доручек и вечера) =10500денари поглед езеро 

Цените се по лице во двокреветна соба со вклучен доручек и вечера (шведска маса) 
За сместување во еднокреветна соба доплата + 30% 
Деца до 6 години се гратис
Деца од 7-12 години плаќаат 50% од цената