Хотелот е сместен во преубава градина, со многу зеленило на самиот морски брег. Оддалечен е 1,5 км од Криопиги, 7 км од Калитеа и 9 км од Ханиоти. Вкупно 260 соби. Singles MV/SV & Doubles MV/SV (~24 m2), Doubles Deluxe GV/SSV (~27 m2), Suites Family SV (~50 m2), Suites Family Deluxe GV/SV (~50 m2), Suites Family Deluxe Private Garden (~50 m2), 2 Suites Grand SV (~60 m2). Содржи: отворен базен, спа центар за лица постари од 16 г /базен и теретана, а со доплата џакузи, козметички салон, сауна, амам, масажа и третмани за лице и тело, интернет, паркинг, мини-маркет, конференциска сала, лежалки и пешкири за плажа бесплатни, детски базен, мини-клуб и игралиште, бар на плажа, ресторан и таверна, пинг-понг, тенис и билијард со доплата. Соби: сеф, балкон, фен, мини фрижидер, клима, сателитска ТВ, телефон, сет за кафе/чај, папучи, бежичен интернет.