Анкара

и

 Кападокија

 

 

 

Незаборавна авантура со неверојатен поглед на изгрејсонцето над магичните долини во срцето на Кападокија

 

 

 

Авион 5 дена / 4 ноќевања

 

 

 

11.Окомври           Скопје – Истанбул – Анкара

Собир на групата во 06:00 часот на аеродромот во Скопје. Лет за Истанбул во 08:55 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:30 часот. Летот за Анкара е во 16:00 часот. Во Анкара слетувањето е во 17:15 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување и слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

 

 

12.Октомври           Анкара – Солено езеро – Црвена долина - Кападокија

Појадок. Разглед на Анкара, главниот град на Турција, со локален водич: Големата џамија, Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција, Етнографскиот музеј, старата зграда на Парламентот. Заминување кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 8о км. широко 50 км. длабоко 50 см. ( во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро… По предвидената пауза се продолжува кон Кападокија. Попатна посета на Црвената Долина со кратка пауза за фотографирање. Пристигнување во пoпладневните часови. Сместување хотел. Факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија – Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел. Ноќевање.

 

 

 

13.Октомври           Целодневен излет “ГОЛЕМА ТУРА„

Рано наутро околу 04:30 часот можност за факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, доживување (доколку дозволуваат условите согласно напомената подолу). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел.
Појадок. По појадокот, следи целодневен факултативен излет Голема Тура: подземниот град Кајмакли издлабен во вулкански камен во VII век пред н.е. еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата...По посетата на Кајмакли, се продолжува со посета и прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Прошетката низ долината продолжува кон манастирот Селиме кој потекнува од VIII век со попатна пауза за ручек во познатото анадолско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Вракање во хотел. Во вечерните часови факултативна можност за посета традиционален турски ресторан со богата шоу програма со ориентални танци и музика. Ноќевање.

 

 

 

14.Октомври           Кападокија - “Срцето на Кападокија„

Појадок. Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот 10-12 век, велелепни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со живописни бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј… Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Следи разглед на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила… а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни оџаци. Можност за дегустација на локални вина во една од најстарите винарии во Кападокија (доколку дозволува времето предвидено за реализација). Враќање во хотел. Ноќевање.

 

 

 

15.Октомври           Кападокија/Кајсери – Истанбул – Скопје

Појадок (Lunch box). Трансфер до аеродромот Кајсери во 05:00 часот! Летот за Истанбул е во 09:10 часот. Слетување во Истанбул во 10:40 часот. Слободно време до летот за Скопје во 19:25часот. Слетување во Скопје 20:00 часот.

 

 

Цена на аранжманот: 22.260 денари (359 еур)

 

за резервации до 18.септември.2020

 

 

 

Редовна цена на аранжманот: 399 еур

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Анкара и Кајсери - Истанбул – Скопје со Turkish airlines

- Чекиран багаж до 20кг.

- Трансфер аеродром – хотел – аеродром

- Сместување во хотел со 3* во Анкара на база 1 ноќевање со појадок

- Сместување во хотел со 3* во Кападокија на база 3 ноќевања со појадок

- Разглед на Анкара

- Посета на соленото езеро Туз Ѓолу

- Посета на Црвената Долина

- Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 6.900 денари

- Целодневен излет “Голема Тура Кападокија”- трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) __55 еур____

- Целодневен излет “Срцето на Кападокија” – трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) __55 еур ___

- Турска вечер со шоу програма _40 еур__

- Танц на дервишите /церемонија _30 еур__

- Лет со балон - во зависност од моменталната можност за реализација и протоколите за Covid 19 (информација за цена,одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места, ќе имаме непосредно пред патувањето.)

- Доплата за еднокреветна соба 6.000 ден.

 

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми).
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари