КАПАДОКИЈА – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Кападокија - Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија. Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa....

Цена од 539€ 

Полупансион/ Ултра се вклучено + ТРАНСФЕР + ИЗЛЕТИ

3HB (полупансиони) +3UAI ( ултра алл инклузив)


ПАКЕТ ПРОГРАМА
• 1 ден (09- 10 Октомври) Скопје-Анталија-Кападокија Полетување од Скопје за Анталија во 02.55 ч со лет CAI 551 . Слетување во Анталија во 05.40 ч Организиран превоз до Кападокија . Сместување во хотел. Вечера.Ноќевање.
• 2.ден ( 11 Октомври) Кападокија
Појадок. Организиран разглед на Кападокија со локален водич. Слободно време за ручек. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање

• 3.ден( 12 Октомври) Кападокија
Појадок. Организиран разглед на Кападокија со локален водич. Слободно време за ручек. Враќање во хотел.Вечера

• 4.ден( 13 Октомври) Кападокија-Анталија
Појадок. Можност за организирана факултативна тура-летање со балон. После ручек поаѓање за Анталија . Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

• 5.ден (14 Октомври) Анталија Слободен ден за капење ,
услуга Се вклучено! Ноќевање.

• 6.ден (15 Октомври) Анталија Слободен ден за капење,услуга Се вклучено! Ноќевање.

• 7 ден(16 Октомври) Анталија-Скопје
Собите се напуштаат во 12.00 ч,багажот се остава на рецепција. Слободен ден за капење. Полетување за Скопје од Анталија со лет CAI 551 во 23.59.

Опис на 2 целодневни разгледи во Кападокија: ЦРВЕНА ТУРА И ДОЛИНАТА НА РОЗИТЕ
• Поаѓања од хотел во 09.30 часот. Утрото прва средба со месечевите пејзажи на Кападокија, посета на Devrent Valley.
• Посета на Pasabag, каде што можат да се видат уникатните карпи во форма на печурки.
• Организиран ручек во Аванос-факултативна .
• Посета на керамичка работилница со презентација на изработка на керамички производи.
 Попладне посета на Goreme, музеј на отворено,каде што можат да се видат остатоци од Вузантиска култура во камените цркви кои датираат од 10 до 12 век •   Посета на Uchisar, лоциран во срцето на Кападокија ,од каде се добива комплетен видик на Гореме, долината и селата во таа околина ,од каде се прават најубави панорамски фотографии.
• Посета на Urgup, и можност да се сретнете со семејството на познатите форми од камен мајката таткото и ќерката -официјалниот симбол на Кападокија
• Посета на Cavusin, место каде што во минатото живееле монаси во пештери.
• Ручек во ресторан-факултативно.
• Посета на некој од подземните градови.

Во цената се вклучени следниве услуги:
• Повратен авионски билет чартер лет од Скопје до Анталија со (20 кг вклучен багаж)
• Аеродромски такси
• Организиран трансфер Анталија- Кајсери-Анталија со минибус
• Водич за време на патувањето во Кападокија
• Сместување во хотел со 4 * - 3 ноќи во Кајсери ,услуга полупанион
• Сместување во хотел со 5 * -3 ноќи во Анталија ,услуга се вклучено
• Вклучени разгледи во Кападокија со водич и вклучени влезници
• Организиран превоз од хотел- аеродром во Анталија

Во цената не се вклучени следниве услуги:
• Факултативни екскурзии во Анталија и летање со балон во Кападокија
• Ручеци во Кападокија
• Патничко и здравствено осигурување
• Екстра трошоци во хотел


Важна напомена:
• Цените се по лице, сместување во двокреветна соба,и валидни за пријавување на мин. 15 патници.
• Разгледите во Кападокија ќе зависат од договор и временски услови на лице место.
• Плаќање исклучиво во денари по курс 62 мкд.
• Плаќање при резервација 100 %,и нема можност за откажување,менување на термин или менување на имиња.
• Останатите општи услови на патување на Травити Туристичка агенција