Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.


Термин: 12.11 – 15.11.2020
Хотел со 3* промо цена 79евра до 06.11 /Редовна цена 89евра
Хотел со 4* промо цена 83евра до 06.11/ Редовна цена 95евра


ПРВ ДЕН- Четврток (12.11.2020)
Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Вип Хотел во 15:00 часот. Тргнување во 15:30. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

ВТОР ДЕН- Петок (13.11.2020)
Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за Check in во хотелот. Патниците добиваат слободно време за пауза, а остатокот од денот предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот Истанбул.


ПРВИОТ ДЕН ВО ИСТАНБУЛ Е ПРЕДВИДЕН ЗА ПОСЕТА НА:
Аја Софија
Базилика која порано била црква и музеј а денес по декретот на Ердоган е џамија. Ова базилика според многу архитекти претставува светско чудо

Топ Капи палатата
Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.
Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

Облакодерот Сафир
Сафир претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.
Плоштад Таксим
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

ТРЕТ ДЕН- Сабота (14.11.2020)
ПОСЕТА НА КУЌИТЕ ОД ТУРСКИТЕ СЕРИИ
Излет со разглед и локален водич кој ќе ви ги покаже куќите каде што се снимени најпознатите турски серии.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич.
Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.





МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).
По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

УСКУДАР
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

EMAAR SQUАRE MALL
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. По посетата на Watergarden  се упатуваме кон хотел. Ноќевање.


ЧЕТВРТИ ДЕН-Недела (15.11.2020)
Појадок во хотелот, одјавување и се упатуваме кон фабирката КОСКА. а по посетата време е за шопинг во најдобриот трговски аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопин. Кој не би сакал шопинг?
Времетраењето на шопинг е до 15:00 часот кога групата се собира и упатува назад. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.



Вклучено во цена:
-Две ноќевања во хотел со 3* или 4* со појадок
-Автобуски превоз
-Лиценциран придружник
-Лиценциран туристички водич
-Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
-Шопинг во 212 центарот
-Посета на фабриката КОСКА

Не е вклучено во цена:
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Индивидуални трошоци


ВАЖНО:
Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција
Хотелот ќе го знаат патниците на 2 дена пред поаѓање. Хотелите ќе бидат со 3* или 4* во населбите Аксарај или Лалели
За деца до 12 години се плаќа 50% од износот.

Факултативни излети

Посета на куќите од турските серии (15€)
Излет со разглед и локален водич кој ќе ви ги покаже куќите каде што се снимени најпознатите турски серии.

Топкапи палата (20€)
Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.


Пакет 1 (30€)
-Миниатурк парк 
-Сафир 4Д Кула и плоштад ТАКСИМ 
-Плоштадот Таксим


Пакет 2 (50€)
-Крстарење по Босфор
-Моминска кула
-Ускудар
-Нокен Истанбул(Emmar Square Mall,Watergarden)


Пакет 3 (75€)
-Крстарење по Босфор
-Моминска Кула
-Ускудар,
-Ноќен Истанбул
-Миниатурк парк
-Сафир 4Д Кула 
-Плоштад ТАКСИМ

Пакет ВИП (125€)
-Сите екскурзии