Хотел SU се наоѓа на тивка и мирна локација во првиот ред до самата обала на Охридското езеро, 8 минути пешачење од центарот на градот. Во понуда има елегантен ресторан со феноменален поглед на Охридско езеро и град. Ресторанот има 40 места за седење и нуди пријатен амбиент во кој можете да уживате во локалните и интернационалните специјалитети на кујната. Хотел SU исто така има бар кој е сместен на првиот кат во кој можете да го испиете Вашето кафе и да уживате во погледот на прекрасната околина. Барот има 46 места за седење, но исто така има голем затворен салон со површина од 100 m² со тараса на отворено.
Доплата за оброк : 490 денари по лице
Туристичка такса и ДДВ се вклучени во цената
За деца од 03-09 години се плаќа 50 % од цената



Легенда: DBL/TWIN – двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL – еднокреветна соба, APP – апартман, Family – фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV – поглед на парк, SV – поглед на море, tv – телевизор, fr – ладилник (фриждер), ac – клима уред, BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – (all inclusive) се вклучено