Локација: Хотелот се наоѓа во туристичкото место Лакопетра, 35 км од пристаништето Патра, 10 км од Аеродромот Араксос. на сама плажа која е песочна со ситни камчиња.
Содржина: Се состои од две главни згради и комплекс на бунгалови. Во склоп на хотелот се наоѓаат ресторани, барови, таверна, 2 базени со слатка вода, 2 детски базени, базен со тобогани, затворен базен, интернет катче, бесплатно Wi-Fi (само во лобито на новата зграда) спа центар, менувачница, паркинг, минимаркет, анимација, терен за кошарка, мини фудбал, пинг понг, одбојка на плажа и спортови на вода.
Соби: Вкупно има 270 сместувачки единици. Секоја соба располага со клима уред, ТВ, фрижидер, сеф, телефон, купатило, фен, балкон/тераса.