Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти.

 

09 Октомври (Петок)           СКОПЈЕ – БЕРАТ - ДРАЧ

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Поаѓање за Албанија во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во Берат наречен “Градот на илјада прозорци" поради големите прозорци кои ги красат куќите. Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански карактеристики, многу религиозни објекти: џамии, цркви (Св. Троица, Св. Илија…) кои припаѓаат на Албанската православна црква, чијашто автокефалност била прогласена во Белград, во 1922 година. Разглед на градот и неговите најзначајни знаменитости. Во договорено време поаѓање кон Драч. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

10 Октомври (Сабота)           ДРАЧ

Појадок. Разглед на градот и неговите културно - историски знаменитости: националниот музеј, римскиот Амфитеатар, шеталиштето долж брегот... Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти. Слободно попладне. Ноќевање.

 

11 Октомври (Недела)           ДРАЧ – СКАДАР – ТИРАНА – ДРАЧ

Појадок. По појадокот, факултативно, посета на Скадар - познат како центар на католицизмот во Албанија и совршен пример каде различните религии живеат сложно заедно. Главна знаменитост на градот е тврдината Розафа изградена во 3 век п.н.е. од која има прекрасен панорамски поглед на најголемото природно езеро на Балканскиот полуостров - Скадарско езеро. Градот е полн со зеленило, широки улици, кафе барови, градби со медитеранска и ориентална архитектура. Во договорено време заминување од Скадар и посета на Тирана. Прошетка низ центарот каде се сместени: плоштадот Скендербг, Операта, Џамијата Етем беј, Националната библиотека, Часовната кула симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар, поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј… Вечерта, враќање во Драч. Ноќевање.

 

12 Октомври (Понеделник)           ДРАЧ – ЕЛБАСАН - СКОПЈЕ

Појадок. Посета на Елбасан, четвртиот град по големина во Албанија, претставува центар за производство на маслиново масло, жито и тутун. Во договорено време поаѓање кон Македонија и пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

Цена на аранжманот за уплата до 18 Септември: 7.380 денари (119 евра)

 

 

Цена на аранжманот : 8.000 денари (129 евра)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Превоз со модерен туристички автобус

-Сместување во хотел 4* во Драч на база 3 ноќевања со појадок

-Посета и разглед со  водич на Берат и Драч

-Посета на Елбасан

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Посета и разглед со водич на Скадар и Тирана - 25 евра

-Задолжително патничко – здравствено осигурување

 

 

 

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на Tравити Туристичка агенција.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.

Т.А.Травитиго а правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Во Албанија се патува со пасош или лична карта.