Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Мадрид

Авион / 5 дена / 4 ноќевања

Мадрид престолнината на Шпанија, велеград од околу 5 милиони жители кој е средиште на културниот и уметнички живот на државата.
Како и секоја метропола вреди да се запознае преку најпознатите градби и споменици, но и низ оние помалку познати места: градски квартови, продавници, разни дуќани и секако ресторани. Мадрид во својата непосредна близина има две исклучителни културни атракции, древната престолнина Толедо и монументалниот El Escorial.

27 април СКОПЈЕ - СОФИЈА - МАДРИД

Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин во 10.00 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир. Пристигнување на аеродромот во Софија. Полетување за Мадрид во 18.00 и пристигнување во 21.00 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно вечер. Ноќевање.

28 април МАДРИД

Појадок. Прошетка низ центарот по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Препорачуваме посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми…Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Можност за посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал“. Слободно време за индивидуални прошетки и вечера во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Ноќевање.

29 април МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Факултативна -екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле, Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид во попладневните часови. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

30 април МАДРИД –ЕЛ ЕСКОРИАЛ

Појадок. Полудневен факултативен излет во местото Ел Ескориал – кралското место и манастирот Св. Лоренцо, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Слободно вечер. Ноќевање.

01 мај МАДРИД – СОФИЈА

Појадок.Одјавување од хотел.Слободен ден за индивидуални прошетки и шопинг.Трансфер до аеродромот во Мадрид во договорено време околу 18ч.. Полетување за Софија со во 21.20 и пристигнување во 01:55 часот. Трансфер и пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот 359 евра

Цената вклучува:
– Авионски превоз на релацијата Софија – Мадрид – Софија со Wizz Air
– Трансфер Скопје – Софија – Скопје
– Рачен багаж – 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 7 кг
– Организиран трансфер Ародром – Хотел – Аеродром
– Сместување во Хотел во Мадрид на база 4 ноќевања со појадок
– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
– Аеродромски такси 3.700 мкд
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.900 мкд *(цената е променлива)
-Разглед на Мадрид според програмата-15 евра
– Факултативна целодневна посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 55 евра
– Факултативна полудневна посета на Ел Ескориал 45 евра
– Факултативна посета на Фламенко 50 евра
– Влезници во локалитетити
– Карти за локален превоз (метро)
– Патничко-здравствено осигурување
– Туристичка такса – се плаќа на рецепција во хотел
– Доплата за еднокреветна соба 8.000 мкд

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Начини на плаќање:
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 50% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба).