СКРИЕНИТЕ ДИЈАМАНТИ НА ТУРЦИЈА
МИНИ ОДМОР ВО ЧЕШМЕ И ПОСЕТА НА ВОЛШЕБНОТО ГРАДЧЕ АЛАЧАТИ
22.10.2020-25.10.2020 – 4 ДЕНА/ 3 НОЌИ
TK 1006 22 OCT SKPIST 2020 – 2225
TK 2354 23 OCT ISTADB 0100 – 0200
TK 2327 25 OCT ADBIST 1720 – 1845
TK 1005 25 OCT ISTSKP 2010 – 1950
 
1 ДЕН 22.10 – Состанок на аеродром во Скопје 3 часа пред лет во 17.30 часот. Полетување за Измир преку Истанбул во 20.20 часот. Слетување во Измир на 23.10 во рани утрински часови. Трансфер до хотелот во Чешме и ноќевање.

2 ДЕН 23.10 – Доцен доручек. Слободно време за одмор и индивидуални активности и ручек (хотелот е лоциран на само море со сопствена плажа). Попладневна градска тура Чешме (кратка полудневна тура од 3 часа 17-20 часот).

Атрактивното и светски познатото летувалиште Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи. Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници. Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори.

Турата вклучува посета на замокот на Чешме, таканаречена Џеновската тврдина, една од најважните историски и културни вредности на областа, која била изградена од отоманскиот султан Бајазит Втори во 1508 година, посета на музејот на Чешме (Erythrai museum) со вклучена влезница. Античкиот град Еритраи бил важен град на брегот на Егејското Море. Остатоците од вилите и ѕидовите на населбите од римската ера сè уште се видливи. Продолжуваме кон посета на чаршијата Чешме. Вечера – опционо во чаршијата на Чешме. Ноќевање.

3 ДЕН 24.10 – Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија ЕФЕС И КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА (СО ДОПЛАТА ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА од 7-8 часа 09-17 часот). Посета на античкиот град Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја. Овој град порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Посета на Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на куќата на Дева Mарија, каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Тука кај Ѕидов на желбите ќе имате можност да ги напишете вашите желби за љубов, здравје и среќа. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Одличен спој на античка приказна и архитектура. Ручек во традиоционален Турски ресторан (опционо индивидуално).

По завршувањето на турата продолжуваме кон “скриентиот скапоцен камен на Турција”, волшебното недопрено градче Алачати (кратка тура 17-20 часот). Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма, украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти.Кратка градска тура и време за индивидуални активности. Вечера (опционо индивидуално). Враќање во хотелот во Чешме. Ноќевање.

4 ДЕН 25.10 - Доручек. Заминување за Измир во 9 часот. Тура низ Измир, градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови. Претпладневна тура со посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отманската саат кула. Панорамски разглед на градот со локален водич (околу 1-1,5ч). Слободно време за шопинг (максумум 2 часа).

Трансфер за аеродром. Пристигнување на аеродром 3 часа пред лет (во 14.30 часот). Лет од Измир во 17.20 часот. Пристигнување во Скопје во 19.50 часот.
 
 
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ – 330 ЕВРА / 20.400 МКД
Цена е по лице за сместување во стандард двокреветна соба
Цена е валидна се до пополнување на места во авион и во хотел (ограничен број на места)

За реализација на ова патување, потребен е мин. од 12 патници.

• ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА – 90 ЕВРА/ 5,580 МКД НА ПАКЕТ ЦЕНА
• ДЕТЕ ДО 8 ГОДИНИ СМЕСТЕНО НА ПОМОШЕН КРЕВЕТ ВО СОБА СО 2 ВОЗРАСНИ ЛИЦА ИМА ПОПУСТ ОД 2.500 МКД НА ЦЕЛОСНА СУМА
• ТРЕТО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ И ДЕТЕ НАД 8 ГОДИНИ СМЕСТЕНО НА ПОМОШЕН КРЕВЕТ ВО СОБА СО 2 ВОЗРАСНИ ЛИЦА ПЛАЌА ПОЛНА СУМА НА ПАКЕТ
 
 
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
  • Авионска карта со Туркиш согласно итенерер погоре и согласно политика на авиокомпанија
  • Вклучен чекиран багаж од 23 кг по лице и рачен багаж согласно политика на авио компанија
  • Оброци за време на лет
  • 3 ноќевања во хотел во Чешме на база ноќевање со појадок (BOYALIK BEACH RESORT 5* или сличен)
  • Сите трансфери по порграмата
  • Градска тура Чешме (3 часа)
  • Влезница за Музеј во Чешме
  • Градска тура Алачати (3-4 часа)
  • Панорамски разглед на Измир по програма (1 час)
  • 1 шише вода дневно во автобус
  • Локален водич на англиски јазик
  • Организација и реализација на патување 
  • Придружник од Скопје
 
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
  • Аеродромски такси од 6,200 мкд – СЕ ПЛАЌААТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВО АГЕНЦИЈА ПРЕД ТРГНУВАЊЕ
  • Тура ЕФЕС со куќата на Дева Марија – доплата од 50 евра/ 3,100 мкд (за минимум 9 лица) *** организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени факултативата да ја откаже или да ја зголеми цената ***
  • Оброци надвор од наведени оброци по програма – ручек и вечера и пијалок
  • Здравствено осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Бакшиш за водич и возач (минимум 3 еур за водич + 2 еур за возач на ден/ тура)
  • Влезници за тури што не се наведени во програма
  • Индивидуални трошоци
  • Се штО не не наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
 
НЕ е потребен ПСР тест & програмата е согласно сите протоколи.
 
 
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот со Туркиш патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормите и при транзитирање преку аеродормот во Истанбул
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
  • За време на патувањето задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата
 
 
УПЛАТА 
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси
 
 
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

 Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. 
 
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).